epa08394895 Swiss Vice President Guy Parmelin visits the construction site of the Baeren high-rise building in Ostermundigen, Switzerland, 03 April 2020. EPA-EFE/ALESSANDRO DELLA VALLE

Ги Парлемин избран за претседател на Швајцарија

Министерот за економија Ги Пармелин ќе стане нов претседател на Швајцарија на 1 јануари по денешното гласање во швајцарскиот парламент.

На функцијата, која е главно почесна должност, беше избран откако во сојузниот совет доби 188 гласа од 202 уредни гласачки ливчиња.

Пармелин (61) ќе има задача да раководи со одговорот на Швајцарија на кризата со коронавирус, каде стапката на заразени во богатата алпска земја и натаму е многу висока, и покрај ограничувањата за контрола на пандемијата.

-„Целосно го сфаќам товарот на одговорноста за мене како претседател на конфедерацијата, особено во сегашниот здравствен и економски контекст”, напиша тој на Твитер. Пармелин, исто така, наведе дека овие грижи ќе ги прифати со посветеност и убеденост.

Швајцарија секоја година ротира на позицијата претседател еден од седумте членови на Федералниот совет. Претседателот на Швајцарската конфедерација е прв меѓу еднаквите, претседава со Советот и обично ја претставува земјата за важни прашања во земјата и во странство.

Претседателот на Швајцарија не е шеф на државата, бидејќи сите функции се исполнуваат колективно од сите членови на Владата – Федерален совет. Неговиот глас сепак е клучен во дискусиите во Советот. Изборот за претседател се спроведува во Парламентот и мандатот трае една година.

Пармелин ќе продолжи да ја исполнува и функцијата министер за економија.

Извор.МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот