Напад од страна на ученик во училиште во Есен/Фото: Christoph Reichwein / AFP / Profimedia

Германските власти „гледаат“ исламистички мотив во нападот со нож врз наставничка во Есен

Властите „гледаат“ исламистички мотив зад нападот на 17-годишник со нож врз неговиот наставник и полицајци минатата недела во Есен, Северна Рајна-Вестфалија.

Според министерот за внатрешни работи на државата, Херберт Ројл, има сè повеќе докази дека мотивот на Ерион С. бил исламистички.

Минатиот понеделник е издадена потерница за 17-годишникот, под обвинение за обид за убиство и нанесување тешки телесни повреди. Поради здравствената состојба на сторителот, кој е тешко повреден од полициски оган и е хоспитализиран, потерницата не можеше да се издаде порано. Сепак, неговиот живот повеќе не е во опасност.

45-годишнaта наставничка е во сериозна, но стабилна состојба откако беше избодена повеќе пати, главно во стомакот. Младиот Косовец, исто така, нападнал полицајци за време на апсењето, како и еден бездомник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот