EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Германските медиуми ја повикаа Меркел да се вакцинира

Германските медиуми ги повикаа политичарите да се вакцинираат против ковид-19 и со тоа да ги поттикнат граѓаните и тие да се вакцинираат, бидејќи Германците се воздржани кон вакцините. Билд пишува канцеларката Ангела Меркел да се вакцинира и со тоа да биде пример за другите, и наведува дека кај Германците постои недоверба пред сé во вакцините на АстраЗенека.

Според весникот досега се употребени само единаесет проценти од испорачаните дози на вакцини од АстраЗенека. Во покраината Баден-Виртенберг биле доставени 100.800 дози вакцини, а само 309 биле аплицирани, додека во покраината Бранденбург ниту една вакцина не е искористена.

„Она што недостасува е довербата. Потребни се примери за вакцинација, пред сé од канцеларката Меркел“, пишува Билд.

Меркел најави дека ќе се вакцинира кога ќе и дојде редот и дека од нејзиниот кабинет велат дека таа сé уште не отстапува од таа изјава, потсетува Билд. 

Заменик-шефот на парламентарната група на Партијата на слободата на Германија (ФДП), Мајкл Тојер, рече дека сигурно би било позитивен сигнал доколку Меркел и германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер јавно се вакцинираат.

Билд потсетува дека американскиот претседател Џо Бајден и премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху биле вакцинирани пред камерите и дека тие земји имаат далеку поголема стапка на вакцинација од Германија.

Германската Влада од крајот на декември досега вложи 25 милиони евра во кампања за вакцинација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот