
Германската атлетичарка ќе биде главна атракција на Игрите во Токио! (ФОТО)
Алиса често објавува на социјалните мрежи атрактивни слики поради кои фановите ширум светот ја прогласија за една од најубавите учесници на ЛОИ Токио 2020.
Една од ѕвездите на игрите во Токио сигурно ќе биде Алиса Шмит.
Препорачано
Новите Летни олимписки игри ќе се одржат годинава во Токио (Јапонија), а покрај неизвесноста и очекувањата на спортските резултати, се „загрева атмосферата“ и поради спортистите кои ќе учествуваат на најпрестижното спортско натпреварување на планетата.
Една од нив која веќе го привлекува вниманието на навивачите е атрактивната атлетичарка Алиса Шмит. 21-годишната Германка е спринтерка и учествува во дисциплините 200, 400 и 800 метри, како и во дисциплината 400 метри со пречки.
Алиса често објавува на социјалните мрежи атрактивни слики поради кои фановите ширум светот ја прогласија за една од најубавите учесници на Олимписките игри во Токио.
Интересно, Шмит стана вистинска млада ѕвезда во својата земја кога на Европското првенство за атлетичари до 23 години ја освои бронзата во штафетата 4×400 метри.
Поради атрактивниот поглед австралискиот магазин „Busted Coverage“ ја прогласи за „Најсекси“ атлетичарка на светот.