Германија: Пасошите за вакцинација се најбарани за фалсификување

Пасошите за вакцинација во моментов се најбарани во Германија, а се појавуваат сè поголем број фалсификувани документи.

Државното обвинителство во Минхен соопшти дека во моментов пасошот за вакцинација е „најбараната фалсификувана стока”.

Преку онлајн платформите, како што е Телеграм, може да се стигне до таков фалсификат.

– Цените на фалсификуваните пасоши за имунизација со внесени вакцини против Ковид-19 се меѓу висок двоцифрен и низок трицифрен број, се наведува во соопштението.

Постојат и „посебни услови” за оние кои порачуваат повеќе од еден пасош.

Полицијата посочува дека овие пасоши лесно се фалсификуваат, бидејќи празни пасоши можат легално да се нарачаат, а печатот од лекарот лесно се добива.

Фалсификаторите го преземат потребниот сериски број на вакцината од фотографиите на лицата кои биле вакцинирани и потоа се фалеле со објави преку социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот