Германија останува водечки поризводител на сладолед во ЕУ, а Франција е најголем извозник

Германија останува водечки производител на сладолед во ЕУ со 607 милиони литри во 2024 година, по што следат Франција (501 милион литри) и Италија (492 милиони литри). Листата на главни земји производители ја комплетираат Шпанија (378 милиони литри) и Полска (298 милиони литри). Меѓу овие пет земји-членки на ЕУ, само Полска пријави раст на производството од 29 проценти во споредба со 2023 година. Франција забележа намалување од 12 проценти, Италија од 7 проценти, Шпанија од 6 проценти и Германија – 1 процент, објави Еуростат.

Сепак, повеќето земји од ЕУ не пријавуваат намалување, туку зголемување, што се должи на вкупното зголемување на производството. Значителен раст е забележан и во Белгија (35 проценти), како и во Чешка (15 проценти). Земјите од ЕУ извезоа 265,3 милиони килограми сладолед во земји надвор од блокот во 2024 година, додека увезоа 69,3 милиони килограми. Износот на извозот се зголеми за само 1 процент во споредба со 2023 година (2,8 милиони килограми), додека увозот од земјите надвор од ЕУ значително се зголеми за 24 проценти (13,6 милиони килограми).

Како и во претходните години, Франција е главен извозник во ЕУ со 55,9 милиони килограми сладолед во 2024 година во земји надвор од блокот. Ова е една петтина од вкупниот извоз (21 процент) во земји надвор од ЕУ. По Франција следуваат Италија (42,6 милиони килограми сладолед, 16 проценти од извозот на ЕУ), Холандија (31,9 милиони килограми, или 12 проценти), Германија (28,2 милиони килограми, или 11 проценти) и Белгија (27 милиони килограми, или 10 проценти). Бугарија извезла 395 илјади килограми сладолед во 2024 година, а во исто време увезе 8,83 милиони килограми од производот.

Инаку, Бугарија е една од земјите во Европската унија (ЕУ) што пријавила значителен раст на производството на сладолед во 2024 година на годишно ниво. За Бугарија, растот на производството е 19 проценти, односно 13,5 милиони литри сладолед, откако една година претходно количината произведена во изнесувала 11,4 милиони литри, објави БТА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот