Полско знаме/ фото: МИА

Германија ја „откачи“ Полска, која бараше Берлин да ѝ плати репарации за Втората светска војна

Полските власти денеска соопштија дека Германија ги известила оти нема намера да влегува во преговори за какви било репарации (компензации) за Втората светска војна, бидејќи Берлин смета дека прашањето е затворено.

Полското Министерство за надворешни работи, исто така, соопшти дека апелирало до ОН за поддршка за добивање компензација за претрпените загуби од 1.300 илјади милијарди долари за време на нацистичката окупација 1939-1945 година.

Во текот на тој долготраен спор, Германија инсистираше на тоа дека прашањето е затворено со одлуки донесени во времето на комунизмот, кога Варшава се откажа од барањето репарации. Полска вели дека била под притисок од Москва и дека не е правно обврзувачка, и во октомври испратила формално барање за компензација.

Министерството за надворешни работи на Полска соопшти дека во официјална нота од 28 декември, Владата во Берлин објавила дека „прашањето за репарации и компензација за воените загуби се уште е затворено и германската влада нема намера да отвори преговори на оваа тема. “

Полското Министерство вети дека ќе продолжи со напорите и објави дека владата денеска му се обратила на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш и други високи претставници на ОН, барајќи „соработка и поддршка“ за Полска да добие воени репарации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот