
Германија бележи историски раст на цените на становите
Цените на новите станови во Германија достигнаа рекордни нивоа поради големата побарувачка и хроничниот недостаток на понуда, објави платформата Europace.
Вредноста на индексот EPX за нова градба се зголеми во мај за околу два проценти во споредба со истиот месец минатата година и изнесуваше 239,4 поени, што е највисоката забележана вредност досега, објавува Bloomberg. Во исто време, индексот на цените на становите на секундарниот пазар достигна 199,3 поени, што е највисоко ниво од октомври 2022 година. Според Себастијан Хајн, претседател на германската компанија Value, главната причина за зголемувањето на цените е недостатокот на понуда:
Препорачано
– Структурниот дефицит на пазарот обезбедува стабилна побарувачка, што се забележува во речиси сите сегменти – рече Хајн и додаде дека темпото на изградба на нови станови во Германија е сè уште недоволно.
Новата владејачка коалиција на Германија објави планови за зголемување на станбената изградба, вклучително и олеснување на регулативите во градежниот сектор. Сепак, според Стефан Минтер, извршен директор на Europais, ефектите од овие мерки нема да бидат видливи веднаш.
– Потребно е време реформските мерки да се пренесат на реалниот пазар. Пазарот реагира бавно, бидејќи инвестициите бараат планирање и стабилна средина – рече Минтер.
Според податоците од VALUE Marktdatenbank, од првиот квартал на 2025 година, просечните цени на купување и за постојните и за новоизградените станови го продолжија својот тренд на пораст. Постоечки станови се продаваат по 3.403 евра по квадратен метар со годишен раст од 1,6%, а новите 5.478 евра по квадратен метар со годишен раст од 2,9%. Во споредбата на десетте најголеми градови во Германија, Минхен сè уште има највисоки цени.