Фото: EPA/CHRISTIAN BRUNA

Герет Бејл за 46 милиони евра го купува клубот од неговиот роден град?

Поранешната фудбалска ѕвезда Герет Бејл има сериозна намера да влезе во сопственичките води и да го преземе управувањето со екипата на Кардиф.

Иако клубот сè уште е во сопственост на Винсент Тан, актуелниот газда е подготвен да се повлече и да го продаде клубот. Кардиф минатата сезона испадна во третиот ранг на англискиот фудбал и амбицијата е брзо враќање на повисоко ниво. Еден од потенцијалните нови сопственици е токму поранешниот ас на Реал Мадрид и Тотенхем.

Бејл, кој се пензионираше во 2023 година и се фокусираше на бизнисот, сега е на чело на инвестициски конзорциум кој подготвува понуда вредна 46 милиони евра за преземање на клубот.

„Заинтересирани сме да го купиме Кардиф. Тоа е мој клуб, клубот од местото каде што растев и мојот вујко (Крис Пајк) во минатото играше за нив“, изјави Бејл за медиумите.

Ако договорот се реализира, Кардиф би можел да добие нова енергија и поддршка токму од човек кој не само што има високо реноме во светот на фудбалот, туку и ги сака клубот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот