Фото: EPA/CHRISTIAN BRUNA

Герет Бејл го следи трендот: Станува сопственик на англиски фудбалски клуб?

Англискиот третолигаш Плимут би можел наскоро да добие нови сопственици. Според пишувањата на „Телеграф“, во тек се преговори меѓу клубот и приватна инвестициска група од САД, а во целиот процес е вклучен и поранешниот велшки репрезентативец Гарет Бејл.

Британскиот весник пренесува дека Бејл би можел да биде заштитното лице на целиот проект. Иако досега немал никакви врски со клубот од Плимут, неговото вклучување се вклопува во сè понагласениот тренд на познати спортисти кои инвестираат во англискиот фудбал.

Медиумите потсетуваат и на хрватскиот фудбалски ас Лука Модриќ, кој неодамна стана дел од сопственичката структура на Свонси сити. Пред него, слични потези повлекоа и НФЛ легендата Том Брејди, кој се приклучи како сувласник на Бирмингем сити, како и американските голфери Џордан Спит и Џастин Томас, кои инвестираа во Лидс јунајтед.

Тимот на Плимунт во овој момент се наоѓа турбулентен период по испаѓањето од Чемпионшип. Клубот ја заврши сезоната 2024/25 на 23. место, што значеше преселба во третата англиска лига.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот