Бугарија, претседателски избори, Анастас Герџиков
Анастас Герџиков во предизборната кампања / фото: ЕПА/ЕФЕ

Герџиков призна пораз на претседателските избори во Бугарија

 Можам да им честитам на победниците Румен Радев и Илијана Јотова. Се надеваме дека во следните 5 години ќе се остварат нивните ветувања, а не моите предвидувања. Тоа го изјави Анастас Герџиков во првиот коментар по вториот круг од претседателските избори. Според излезните анкети, тој ја загубил изборната трка со Румен Радев.

Герџиков најави и дека „целиот државен апарат работел за изборната кампања на Румен Радев”.

„Министерствата постапија во негова корист, министерот за внатрешни работи не само што се занимаваше со тоа, туку беше и портпарол на изборниот штаб на актуелниот претседател. Пред неколку дена тој дури си дозволи да прави инсинуации, велејќи дека гласањето во Турција ќе биде толку масовно што ќе ги направи изборите овде бесмислени. И видовме дека секциите во Турција беа празни”, додаде Герџиков

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот