
Герасимовски со благодарници за 14 крводарители кои најмногу дарувале во 2022 година
„Донација која доаѓа од срце – Подари живот“, со оваа порака Општина Центар го одбележа 17 март – Денот на формирање на Црвениот крст и Денот на крводарителството.
Препорачано
По тој повод градоначалникот Горан Герасимовски им додели благодарници на 14 истакнати крводарители со најголем број дарувања за 2022-ра година, во присуство на претседателот на општинскиот Црвен, Ивица Бошков. За доброволно дарување крв и покажана хуманост и промоција на крводарителството, признание доби и градоначалникот Герасимовски, кој на младите им порача да се придружат кон хуманото семејство, дарувајќи крв и покажувајќи солидарност на дело.
Доброволното дарување претставува израз на високи хумани, морални и етички вредности, а секоја капка крв е драгоцена и може да спаси нечиј живот. Општина Центар има долгогодишна традиција во организирање и спроведување на крводарителски акции во соработка со Црвениот крсти ви порачувам хуманоста да ви биде поттик и мотивација за понатаму, кон постигнување на уште повисоки резултати на планот на крводарувањето – рече Герасимовски.
Градоначалникот истакна дека во иднина Општина Центар ќе дава поддршка и на други социјални и хуманитарни проекти во организација на Црвениот крст, сѐ со цел да се подигне јавната свест на граѓаните околу хуманоста и хуманите гестови.