Георг Георгиев, министер за надворешни работи на Бугарија/Фото: Скриншот

Георгиев: Уставните измени не се единствениот услов, со нив започнува процесот

„Впишувањето на Бугарите во Уставот е прв, но не и единствен услов за почеток на преговорите на земјава за членство во ЕУ“, изјави Бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев.

„Многу е важно да се знае дека промената на Уставот и впишувањето на Бугарите како државотворен народ не е единствен услов. Односно, не е добро да се испушта во целиот тој разговор, со евентуална цел – за која се надевам дека не е така, ако впишувањето се случи и се исполни условот за уставни измени согласно европскиот консензус, некој да рече: „ете ви кажавме дека Бугарите немаат предвид само едно нешто“, изјави Георгиев за емисијата „Брисел 1“.

Тој оцени дека освен уставните измени, европски консензус има и спроведување на Договорот за добрососедство во Бугарија и протоколите кои произлегуваат до него, како и Акциски план за заштита на правата на припадниците на малцинствата.

„Сето тоа треба да биде факт, во спротивно нема да има исполнување на европскиот конесуз, нема да има исполнување на заклучоците на Советот, а доколку тоа не е факт нема да може да се пристапи кон отворање на првиот Кластер, каде што се човековите права“, изјави Георгиев.

Шефот на бугарската дипломатија оцени дека уставните измени само ќе го отворат патот за европската интеграција, а тука треба да се исполнат и другите услови кои и ги поставила ЕУ, додавајќи дека тоа не е никаква билатералност или отворено меѓудржавно прашање.

Георгиев исто така истакна оти не сфаќа зошто македонските политичари молчат пред своите граѓани и уставните измени ги претставуваат како единствено, а не како прво барање во процесот.

„Затоа постојано добронамерно им велам на колегите, навистина не сакам да дозволам да се мисли дека тоа се прави тенденциозно и со некаква задна намера. Спротивно на тоа има многу јасно црно на бело напишани услови преку кои процесот се движи“, изјави Георгиев.

Бугарскиот министер додаде дека позицијата на Софија е кристално јасна и таа нема да го смени својот став, ниту има нешто кое ќе го побие европскиот консензус постигнат во 2022 година за интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ, зад кој, како што вели, стои целата ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот