Фото: МИА

„Газета експрес“: САД ќе ги повлечат своите трупи од Косово, доколку Приштина не ги укине царините за Србија

Весникот потсетува дека пред неколку месеци се шпекулирало дека Американците размислуваат да го отстранат кампот „Бондстил“ од Косово, доколку политичкото раководство продолжи да не ги почитува барањата на меѓународниот фактор за укинување на царините, но тие информации никогаш не биле потврдени.

Приштинска „Газета експрес“ пишува дека САД размислуваат да ги повлечат своите трупи од Косово, доколку Приштина не ги укине царините за стоките од Србија.

Според весникот, американскиот амбасадор во Приштина, Филип Коснет му порачал на косовскиот премиер Албин Курти дека неговата земја размислува за таква опција, која, како што вели „Газета“, е најсериозната закана на САД за Косово досега.

– Американската Амбасада во Приштина му рече на Курти дека присуството на американските сили на Косово веќе се разгледува – изјави извор за „Газета експрес“.

Весникот потсетува дека пред неколку месеци се шпекулирало дека Американците размислуваат да го отстранат кампот „Бондстил“ од Косово, доколку политичкото раководство продолжи да не ги почитува барањата на меѓународниот фактор за укинување на царините, но тие информации никогаш не биле потврдени.

Исто така, весникот потсетува дека Албин Курти и претседателот на косовскиот Парламент, Вјоса Османи, како кандидати за премиер на изборите на 6 октомври, ветија дека ќе ги укинат царините и ќе ги заменат со широки мерки на реципроцитет со Србија, но констатира дека се уште не тргнале во таа насока.

Претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп за дијалогот Косово-Србија, амбасадорот Ричард Гренел, е категоричен дека царините треба да се укинат веднаш за да се продолжи со дијалогот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!