Газдата на „Дурмо турс“ и уште еден обвинет уште не одат во затвор оти имале „кила на тестисите“

Сопственикот на „Дурмо турс“ Дурмиш Белули и одговорниот за транспорт на фирмата Ремзи Мифтари кои се правосилно осудени на десет години затвор за несреќата од 2019 година, во која загинаа 16 патници се уште не ја издржуваат казната затвор затоа што и двајцата осудени имале проблеми со тестисите, јавува „Сакам да кажам“.

Од Основниот суд Тетово за порталот изјавиле дека, од Тетовскиот суд, Белули имал херниа (кила) на едниот тестис и тој деновиве бил опериран. Мифтари имал на двете и деновиве и нему требало да му извршат зафат.

На 9 мај Апелациониот суд Скопје на газдата Дурмиш Белули повеќе од двојно му ја зголеми затворската казна. Од четири, на десет години. На Ремзи Мифтари му ја зголеми од од шест на десет години затвор.

Автобуската несреќа се случи во 2019 година. Загинаа 16 патници, а над 30 беа повредени.

За разлика од пресудата на Кривичниот суд кој ги осуди на пониски казни сопственикот на „Дурмо турс“ Дурмиш Белули, а највисока затворска казна доби возачот на автобусот Маноил Трифуновски, Апелација го осуди сопственикот на десет години затвор, а на возачот му изрече иста затворска казна.

Апелација ги одби жалбите на обвинетите како неосновани, додека делумно ја уважи жалбата на скопското обвинителство.

Па така Белули и шефот на возниот парк на „Дурмо турс“ Ремзи Мифтари се осудени на по десет години затвор, а претходно Белули беше осуден на четири години затвор, а Мифтари на шест години затвор.

Вработените во техничкиот центар на „Дурмо турс“ Игор Ѓорѓиевски и Горан Дуковски според одлуката за Апелација се осудени на седум години затвор, кои претходно беа осудени на по пет години затвор. Единствено неизменети остануваат затворските казни за возачот Маноил Трифуновски и Јане Бобаровски кои добија затворски казни од 14, односно пет години затвор.

Апелација со повисоки казни за дел од обвинетите за Ласкарци – сопственикот на „Дурмо турс“ треба да оди 10 години затвор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот