фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Газдата на Далас за Дончиќ: Ако не сте фокусирани само на победи, не треба ни да бидете дел од клубот

Сопственикот на НБА кошаркарскиот клуб Далас маверикс, Патрик Думонт конечно откри зошто донесе одлука да го трејдува својот најдобар играч Лука Дончиќ.

Одлуката на Маверикс да го испратат Дончиќ во Лејкерси во замена за шестгодини повозрасниот Ентони Дејвис го остави целиот свет во неверување.

Иако минатата сезона го водеше тимот до финалето на НБА и со години беше убедливо најдобар играч на тимот и еден од фаворитите за титулата МВП, Далас реши да се откаже од Словенецот.

Претседателот на клубот, Патрик Димон, во интервју за „Далас Морнинг Њуз“ се обиде на јавноста да ѝ објасни зошто е направен ваков потег.

– Тимовите победуваат затоа што сите играчи се фокусирани и го имаат вистинскиот карактер, ја носат вистинската култура, ја покажуваат вистинската посветеност на работата и работат напорно за да придонесеш за шампионскиот исход. Ако тоа не се прави така, поразот доаѓа. Ако ги погледнете најголемите досега – Џордан, Бирд, Коби, Шек, сите тие работеа напорно секој ден и беа фокусирани само на победа. Не функционира ако го немате тоа во себе, а ако го немате, не треба ни да бидете дел од Далас маверикс. Тоа е она што го бараме – рече Думонт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот