Фото: Приватна архива

Гастрономско уживање од вештите раце на Бобе Јанкоска: Руски капи

Јованка Јанкоска Бобе, која стои зад блогот bobesbakery.mk, фејсбук и инстаграм-профилот, е вистински кулинарски креативец – нејзините рецепти се милина и за очите и за непцето.

Бобе денеска споделува рецепт за вистински гурмански деликатес: руски капи.

Фото: Приватна архива

– Руските капи се десерт што е комбинација од чоколадни кори, кремаст сатенски фил од бело чоколадо, кокос и темна чоколадна глазура. Секој залак нуди совршен баланс на вкусови и текстури, создавајќи неодолив сладок момент – порачува Бобе.

Фото: Приватна архива

Состојки за крем:

– 1 л млеко
– 200 грама шеќер
– 2 ванили
– 160 грама нишесте
– 200 грама бело чоколадо
– 100 грама путер/ маргарин

Состојки за тесто:

– 6 јајца
– 300 грама шеќер
– 6 лажици врела вода
– 200 грама брашно
– 2 лажици какао
– прашок за печиво
– 150 грама кокос
– 150 грама темно чоколадо
– 50 мл слатка павлака

Фото: Приватна архива

Подготовка:

Прво се подготвува филот: Млекото заедно со шеќерот и ванилата се става во тенџере на оган да зоврие. Малку од млекото се остава настрана за да се измеша со нишестето. Кога ќе зоврие млекото се додава смесата, се намалува температурата и се меша додека да се добие потребната густина. Филот се тргнува настрана, му се додаваат белото чоколадо и путерот, се меша додека да се растопат и смесата се остава да се излади.

Тестото: Се матат жолчките со шеќерот. Откако шеќерот ќe се растопи и ќе се добие густа смеса, се додава врелата вода. Се исклучува миксерот и во садот се додаваат сувите состојки. претходно измешани (брашното, печивото и какаото) и се меша со шпатула. На крај се додаваат изматените белки и се меша со шпатулата. Вака добиената смеса се става во плех (40 х 30) на хартија за печење и се пече 10 минути во загреана рерна на 200 степени. Се остава кората да се излади, се вади хартијата, а потоа се сече со чашка со остар раб. Добиените парчиња се премачкуваат со филот и се лепат како сендвич. Колачето се премачкува со фил од страните и се валка во кокос да се обвитка со кокосот. Постапката се повторува со сите колачиња. Се добиваат дваесетина колачиња. Во тенџере се зоврива слатката павлака, па се тргнува од оган и внатре се става темното чоколадо, се меша додека да се растопи чоколадото. Колачињата се преливаат со глазура од темното чоколадо.

На здравје сладење!

Фото: Приватна архива

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот