Фото: Приватна архива

Гастрономско уживање од Дијана Иваноска: Сочно тирамису

Дијана Иваноска стои зад инстаграм-профилот „Dash of Spice“ и ни ги открива малите тајни за создавање магија од вкусови. Своите рецепти почнала да ги споделува со своите следбеници и пријатели од почетокот на пандемијата.

Инвентивната Дијана денеска споделува рецепт за едно вистинско гастрономско уживање – сочно тирамису.

– Она што ми се допаѓа кај овој рецепт е што не содржи „живи“ жолчки и што нема желатин, а сепак, држи форма и може да се сече за сервирање. Навистина е лесно да се направи и е толку вкусен. Ја сакам комбинацијата на рум и кафе заедно – порачува Дијана.

Фото: Приватна архива

Состојки:

– 400 грама пишкоти
– 6 жолчки
– 150 грама шеќер
– 160 мл млеко
– 450 грама маскарпоне
– 300 мл слатка павлака
– 400 мл кафе
– 4 лажици рум
– какао во прав за посипување

Фото: Приватна архива

Подготовка:

1. Во 400 мл врела вода растворете 4 лажички инстант кафе. Оставете го целосно да се излади.
2. Во тенџерче измешајте ги жолчките со шеќерот и полека мешајќи, додајте го млекото.
3. Загревајте ја смесата, мешајќи цело време и откако ќе зоврие варете на тивко околу две минути. Овој чекор ќе го згусне малку кремот и ќе ги пастеризира жолчките. Покријте го кремот со проѕирна фолија и оставете го да се излади.
4. Убаво изматете ја слатката павлака.
5. Во ладниот крем од жолчки изматете го маскарпонето. Додадете ја и слатката павлака и матете додека не добиете мазен крем.
6. Во кафето ставете го румот.
7. Потопувајте ги кратко пишкотите во кафето и наредете ги во тавче.
8. Нанесете половина од кремот врз пишкотите. Повторете со уште еден ред пишкоти и крем.
9. Покријте со фолија и оставете го во фрижидер преку ноќ.
10. Посипете со какао во прав пред послужување.

Уживајте!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот