Фото: Приватна архива

Гастрономско уживање од Дијана Иваноска: Крем-супа од брокула и карфиол

Животот навистина може да биде беспрекорно „вкусен“, а тоа го потврдува и Дијана Иваноска од Тетово, која со својот талент за комбинација на вкусови нè носи на едно исклучително гастрономско патување.

Иваноска стои зад инстаграм-профилот „Dash of Spice“ и ни ги открива малите тајни за создавање магија од вкусови. Своите рецепти почнала да ги споделува со своите следбеници и пријатели од почетокот на пандемијата.

„Го сакам секој дел од процесот, но најмногу уживам во фотографирањето на храната“, ни открива Дијана.

Дијана денеска со нас споделува рецепт за крем-супа од брокула и карфиол.

„Има ли поубаво од топла, кремаста супа на студено време? Оваа супа е едноставна и лесна и се прави буквално за 20 минути. Згора на тоа е и веган варијанта на крем-супа. На фотографиите има малку неутрална павлака за декорација (опционално), но самиот рецепт е посен“, објаснува Дијана.

Фото: Приватна архива

Состојки:

– 1 лажица маслиново масло
– 1 главица кромид
– 2 чешниња лук
– 1 морков
– 250 г брокула
– 400 г карфиол
– 120 г компир
– Зеленчукова коцка за супа
– 800-900 мл вода
– Сол
– Бибер
– Магдонос
– Зачини по желба

Фото: Приватна архива

Подготовка:

Исечкајте го зеленчукот. На лажица маслиново масло пропржете ги кромидот, лукот и морковот. Додајте ги компирот, карфиолот и брокулата и пржете уште малку.
Растворете ја коцката за супа во водата и додајте ја на зеленчукот.

Намалете ја температурата, поклопете со капак и оставете да се крчка околу 20 минути или додека омекне зеленчукот. Префрлете во блендер или испасирајте ја супата со рачен блендер.

Вратете ја на оган уште кратко. Пробајте ја и зачинете со бибер или со друг зачин по желба. Сол не треба да се додава бидејќи е солена коцката за супа.

Декорирајте со малку маслиново или со неутрална павлака. Сама по себе е посна. Може да ставите и семки од тиква, сончоглед или брускети за крцкавост. Уживајте!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот