Фото: Приватна архива

Гастрономско уживање од Дијана Иваноска: Колачи со лаванда и лимон

Дијана Иваноска со својот талент за комбинација на вкусови нè носи на едно исклучително гастрономско патување. Иваноска стои зад инстаграм-профилот „Dash of Spice“ и ни ги открива малите тајни за создавање магија од вкусови.

Инвентивната Дијана денеска споделува рецепт за едно гастрономско уживање – колачи со лаванда и лимон.

– Не можам да ви опишам колку добро оди комбинацијата лаванда и лимон. Меки, миризливи колачиња, кои се подготвуваат ептен брзо. Тестото не се лади во фрижидер, веднаш се расукува кората и се вадат колачи. Многу добро држат форма додека се печат, идеални се ако сакате одреден облик – порачува Дијана.

Состојки:

– 115 г путер на собна температура
– 100 г шеќер
– 1/2 јајце (Правев половина доза, затоа половина јајце. Од цела доза излегуваат 36 до 40 колачиња, во зависност од големината. За да издвоите половина јајце, изматете го со виљушка и отстранете пола.)
– 1 лажиче ванила екстракт
– 1 лажиче сува лаванда
– кора од еден лимон
– 210 г брашно
– 1/2 лажиче прашок за печиво
– 1/4 лажиче сол

За преливот (отприлика):

– 100 г бела чоколада
– 1 лажица кокосово масло
– сува лаванда за посипување

Подготовка:

* Загрејте ја рерната на 175 степени Целзиусови.
* Изматете го пенесто путерот со шеќерот. Додајте го јајцето и ванилата и матете уште кратко.
* Измешајте ги сувите состојки, брашното, солта, лавандата и кората од лимон.
*Спојте ги сувите и влажните состојки и мешајте додека добиете тесто. Стиснете со рака, ако ја задржува формата, готово е.
* На набрашнета работна површина, развлечете го тестото и вадете колачи со чаша или калап за колачи. Остатокот од тестото спојте го и вадете колачи додека не го употребите целото тесто.
* Наредете ги на тавче обложено со хартија за печење.
* Печете 8 до 10 минути или додека благо поруменат краевите на колачите.
*Растопете ја чоколадата со кокосовото масло. Потопувајте ги колачите до пола во чоколада и одозгора наросете уште малку сува лаванда.
*Оставете ги да се стегне чоколадата.
Уживајте во секое залче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот