
Гастрономско уживање од Дијана Иваноска: Киш со тиквички
Дијана Иваноска со својот талент за комбинација на вкусови нè носи на едно исклучително гастрономско патување. Иваноска стои зад инстаграм-профилот „Dash of Spice“ и ни ги открива малите тајни за создавање магија од вкусови. Своите рецепти почнала да ги споделува со своите следбеници и пријатели од почетокот на пандемијата.
Препорачано
„Го сакам секој дел од процесот, но најмногу уживам во фотографирањето на храната“, ни открива Дијана.

Инвентивната Дијана денеска споделува рецепт за едно гастрономско уживање – киш со тиквички.

– Оваа брза верзија на киш користејќи листови готови кори е толку вкусна и толку крцкава. Додадов малку сланина заедно со фета-сирењето и тиквичките и малку сушена мајчина душичка и беше толку ароматична и толку вкусна – вели Дијана за единствениот вкус на овој деликатес.
Состојки
– 2,3 тиквички
– 1 лажица маслиново масло
– 1 мала главица кромид
– 5,6 ленти сланина исечкана на коцки
– 4 јајца
– 250 гр кисела павлака
– 2 лажици магдонос сецкан
– 10 листови готови кори
– 150 гр фета сирење
– Сол
– Бибер
– Сува мајчина душица

Подготовка:
Тиквичките исечете ги на ленти со нож за лупење додека дојдете до делот со семки. Средината на тиквичките исецкајте ја на коцкички.
На маслиново масло пржете го кромидот околу 5 минути. Додадете ги тиквичките и пржете уште пет минути. Зачинете со малку сол и бибер.
Јајцата измешајте ги со павлаката, сланината, магдоносот, фета сирењето, малку мајчина душица и смесата со кромид. Загрејте ја рерната на 160 степени Целзиусови. Тавчето лесно премачкајте го со малку масло.
Корите премачкајте ги со масло и редете ги на дното на тавата. Краевите нека висат малку надвор од работ на тавчето. Лентите тиквичка распоредете ги врз корите. Оставете неколку ленти за одозгора. Нанесете го филот врз тиквичките. Покријте го филот со останатите ленти тиквичка. Краевите што висат завиткајте ги кон внатре.
Печете околу 50-60 минути. Покријте ги краевите со фолија ако почнат брзо да потемнуваат. Оставете го кишот да се олади малку пред да го сечете.
Уживајте во секое залчe.