Гаспром контра Песков: Две верзии на Русија за затварањето на „Северен тек 1“

Претставник на Гаспром денеска изјави дека снабдувањето со гасоводот „Северен тек 1“ нема да биде обновен додека „Сименс енерџи“ не ја поправи турбината. Ден претходно, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека „западните санкции треба да се обвинат за целосно затворање на гасоводот“.

„Треба да го прашате Сименс, тие прво треба да ја поправат опремата“, изјави за Ројтерс заменик-извршниот директор на „Газпром“, Виталиј Маркелов, на прашањето кога гасот повторно би можел да тече низ Северен тек 1.

Газпром“ во петокот соопшти дека е откриено истекување на моторно масло во единствената турбина на станицата Портоваја која сè уште работи и дека го прекина снабдувањето со природен гас додека не се отстрани дефектот.

.

„Сименс“, кој работеше на одржување на турбините на Северен тек 1, изјави дека причините за истекувањето на нафтата може да ги отстрани само специјализирана компанија за поправка.

Гаспром / Фото: ЕПА

„Газпром“ синоќа соопшти дека добил официјално предупредување од руските власти дека пасивираната компресорска станица Портоваја, која преку гасоводот „Северен тек 1“ треба да турка гас до Германија, повеќе не ги исполнува безбедносните стандарди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот