фото: EPA/ANNA SZILAGYI

Гасли го продолжи договорот со Алпин до крајот на 2028 година

Францускиот возач од Формула 1, Пјер Гасли, го продолжи договорот со Алпин до крајот на 2028 година. Гасли се приклучи на францускиот тим во 2023 година и имаше договор за 2026 година, но денеска ја продолжи соработката за уште две години.

Веста беше објавена во Монца, каде што се одржува Големата награда на Италија овој викенд, каде што Гасли ја постигна својата единствена победа во кариерата во 2020 година.

Тој беше на подиумот со Алпин на две трки, во 2023 година на Големата награда на Холандија и една година подоцна во Сао Паоло.

– Воодушевен сум од долгорочната соработка со Алпин. Како Французин, сум особено горд што возам за француска компанија. Откако пристигнав во 2023 година, мислев дека овој тим е вистинското место за иднината. Сакам да бидам тука уште многу години за да постигнам заедничка цел – да победуваме на трки и да освојуваме титули. Сите сме заедно во ова и со нетрпение очекувам да ја продолжам оваа посебна приказна – вечо 29-годишниот Гасли.

Квалификациите за трката се закажани за 16.00 часот, а Големата награда на Италија се одржува во недела од 15.00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот