
Гарабаја: Беше предоцна кога сфативме дека треба да се браниме посилно
Ракометарите на Еурофарм Пелистер во третото коло од ЕХФ Лигата на шампионите во Битола загубија од данскиот ГОГ со 31:28.
Препорачано
Актуелниот македонски првак во текот на првото полувреме имаше позитива од „плус пет“ (10:5), но до паузата гостите направија серија од 6:2 во завршната фаза од првиот дел (14:14).
Данците продолжија во ист ритам и постигнаа уште три гола во низа на стартот на вториот дел, па многу брзо се одлепија и на „плус четири“, по што стана јасно дека моментумот се префрла во противничкиот табор. И покрај тоа, Пелистер не се откажа и се врати на минимална негатива од 23:24, но тоа беше последна ваква фаза од мечот, бидејќи домашните ракометари останаа и без енергија во финишот. Времето полека истекуваше и стана јасно дека гостите ќе ги освојат бодовите, па на крајот ГОГ се радуваше на триумф.
– Вечерва одигравме три натпревари во само еден натпревар. Почнавме многу добро, ги следевме тактичките идеи на почетокот и тоа функционираше. Потоа тие го сменија натпреварот, започнаа со нов напад и почнаа да играат директно со многу ситуации еден на еден и тоа направи разлика. Ни требаше долго време да се навикнеме на таков вид игра. Ги заборавивме нашите тактички движења, а потоа се разбудивме доцна и сфативме дека мора да се браниме посилно. Кога го сфативме тоа, веќе беше предоцна – се зборовите на тренерот на Еурофарм Пелистер, Рубен Гарабаја, на официјалниот сајт на ЕХФ.
Во следното четврто коло од групната фаза Еурофарм Пелистер гостува кај Висла Плоцк на 8 октомври.
Еурофарм Пелистер ја испушти шансата – пораз од ГОГ Гудме во Битола