Ѓорѓи Галетановски - Чомбе - Фото - Слободен печат / Методи Здравев
Ѓорѓи Галетановски - Чомбе - Фото - Слободен печат / Методи Здравев

Галетановски предлага комшиски ноќни стражи: „Ноќеска на другар му го запалија џипот на ист начин“

Претседателот на општинската организација на СДСМ во Скопје и поранешен директор на скопската Зоолошка градина, Ѓорѓи Галетановски им предлага на соседите да се организираат во ноќна стража, откако откри дека теренецот „Рејнџ Ровер“ кој изгоре синоќа кај „Шампионче“ во скопската населба Кисела Вода, бил на негов другар.

На почетокот на месецов, автомобилот на Галетановски исто така беше запален, а досега не е откриено кој го сторил тоа.

„Ноќеска во Кисела Вода на Шампионче на другар му го запалија џипот на ист начин. Зафатена беше и зградата среќа што пожарната дојде одма. Комшии, ноќна стража додека ги фатат нарачателиве“, напиша Галетановски на Фејсбук.

ВИДЕО | Експлозија и „пепел“ – запален автомобилот на Ѓорги Галетановски – Чомбе

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот