Парада на гордоста - ФОТО - Слободан Ѓуриќ

ГАЛЕРИЈА: Парада на гордоста по шести пат во Скопје под мотото „Ќе (оп)стоиме заедно“

Овогодинешната шеста по ред Парадата на гордоста во Скопје започна во 18 часот со збирно место во Жена парк наспроти законодавниот дом, а во 19 часот протестниот марш тргна по скопските улици.

Парада на гордоста – ФОТО – Слободан Ѓуриќ

Оваа година програмата не предвидува прослава и забавен дел, туку само марш како форма на протест, со цел да се постави отпор кон институционалниот срам и молк, како и кон зголемениот говор на омраза и насилство во училиштата, велат од Националната мрежа против хомофобија и трансфобија.

Парада на гордоста – ФОТО – Слободан Ѓуриќ

Во најавата за денешната парада, организаторите ја нагласија потребата од институционална видливост на ЛГБТИ+ заедницата, особено во образовниот систем, за кој велат дека се забележува системско бришење на идентитетите и приказните на ЛГБТИ+ лицата.

Парада на гордоста – ФОТО – Слободан Ѓуриќ

Организаторите ги повикаа граѓаните да излезат и да ја поддржат борбата за човекови права, еднаквост и заштита на младите ЛГБТИ+ лица од дискриминација и насилство.

Парада на гордоста – ФОТО – Слободан Ѓуриќ

Мотото на Парадата на гордоста е „Ќе (оп)стоиме заедно“.

Парада на гордоста – ФОТО – Слободан Ѓуриќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот