Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески

ГАЛЕРИЈА | Детскиот балетски спектакл „Петар Пан“ ги воодушеви гледачите во НОБ

Детскиот балетски спектакл „Петар Пан“ ја доживеа својата премиера пред домашната публика во Националната опера и балет. Првата претстава беше одиграна во петокот, на 31 март, а поради големиот интерес, вчера беа одиграни уште две претстави.

Дури 57 деца (во двете постави) од балетското студио „Арт балет“ ја пренесоа магијата на Петар Пан, капетанот Кука, Ѕвончица, Венди и останатите ликови од оваа детска приказна на драматургот Џ. М. Бери. Со оглед на тоа што вчера беше Денот на шегата, најмалите посетители ги проследија двете претстави во НОБ облечени во нивните омилени маски.

Зад магичноста на претставата е потпишан тимот составен од Ристо Самарџиев, кој го направи сценариото, Ирена Лозинска, која се погрижи за кореографијата и режијата на претставата, Тамара Ѓурчиновска од балетското студио „Арт Балет“, Елена Вангеловска, која ги создаде костимите, Љупчо Јованов, кој ја осмили сценографијата и Владимир Дојчиновски – Дојчин, кој ја искомпонира музиката.

Продукцијата на „Петар Пан“ е на М- Соунд.

Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески
Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески
Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески
Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески
Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески
Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески
Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески
Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески
Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески
Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески
Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот