Бернардо Силва („Манчестер сити“)/фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Галатасарај не запира со трансфери на ѕвезди – турскиот гигант го сака Бернардо Силва

Галатасарај продолжува со своите амбициозни потези на фудбалскиот трансфер пазар ова лето и го насочи вниманието кон португалскиот интернационалец од Манчестер сити, Бернардо Силва, откако веќе го потпиша Лерој Сане.

Според турскиот весник „Фанатик“, гигантите од Истанбул одржале позитивен состанок со претставниците на Силва, надевајќи се дека ќе го убедат да игра во Турција. Откако го обезбедија потписот на Сане без надомест за трансфер, Галатасарај има намера дополнително да го зајакне својот тим со звучни засилувања, со цел силен настап во турската Супер лига и во Европа.

Бернардо Силва има само уште една година од договорот со Манчестер сити, а англискиот клуб може да се согласи да го продаде ова лето за да не си замине бесплатно следната година.

Според информациите, менаџерот за трансфери на Галатасарај, Абдула Кавукчу, и агентот Џорџ Гарди играат клучна улога во обидот да се доведат нови големи ѕвезди во Истанбул.

Клубот, исто така, внимателно ги следи и голем број други врвни играчи, вклучувајќи го и голманот на Астон Вила, Емилијано Мартинез. Други имиња на трансфер листата на шампионите се Ѓорѓе Петровиќ од Стразбур, Хакан Чалханоглу од Интер, Саша Боаи од Баерн Минхен и Илкај Гундоган од Манчестер сити, а клубот веќе е во контакт со Милан Шкриниар од Пари Сен Жермен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот