Галант за Касем: Тој е само привремено назначен – одбројувањето започна

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант денеска изјави дека новоименуваниот лидер на Хезболах Наим Касем е само „привремено назначен“ и дека неговото раководство на групата нема да трае долго.

„Привремена позиција. Нема да трае долго“, напиша Галант на X под сликата на Касем, додавајќи на хебрејски дека „одбројувањето започна“, објави Тајмс оф Израел.

Неговата изјава се појави нешто повеќе од еден месец по смртта на претходниот водач на групата, Хасан Насрала.

Хезболах претходно денеска објави дека Касем е избран за нов водач на групата.

Во соопштението на групата се наведува дека Касем е избран да ја преземе функцијата генерален секретар на Хезболах поради неговата „приврзаност кон принципите и целите“ на групата.

ВИДЕО | Кој е Наим Касем, новиот лидер на Хезболах, кој носи бел турбан, за разлика од неговите претходници?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот