Фото: ФФМ

Футсал репрезентијата на Македонија добива нов селектор

Македонската футсал репрезентација добие нов преднодник. Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја прифати оставката на досегашниот селектор Васко Скендеровски, кој по долги години на чело на националниот тим реши да се повлече од функцијата.

ФФМ му се заблагодари на Скендеровски за неговата долгогодишна работа, посветеност и значаен придонес во развојот на футсалот во земјава.

На негово место доаѓа Газмент Исеини, актуелен тренер на шампионот и освојувачот на Купот, екипата на Форца 2015. Под негово водство, тимот настапуваше и во главната квалификациска рунда од Лигата на шампионите.

Исеини не е непознато лице во репрезентативниот футсал, во изминатите години беше дел од стручниот штаб на А селекцијата, што му дава континуитет во работата и добро познавање на системот и играчите.

Новиот селектор ќе ја преземе репрезентацијата во втората половина од годината, со јасна цел, подигнување на нивото и резултатите на македонскиот футсал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот