Фото: EPA-EFE/ZURAB KURTSIKIDZE

Фудбалските ветерани на Македонија и Бугарија ќе играат за настраданите од пожарот во Кочани

Хуманитарен фудбалски натпревар помеѓу ѕвездените ветерански тимови на Бугарија и Македонија ќе се одржи на 27 април во 16.00 часот на стадионот Спартак во Варна, соопшти Фондацијата Nationals 94, која го организира настанот во партнерство со општина Варна.

Собраните средства ќе бидат донирани за лекување на настраданите од пожарот во дискотеката во Кочани.

Според информациите, за Бугарија ќе настапи играчи кои завршија на четвртото место на Светското првенство во САД 1994 година, од нив и познатиот Христо Стоичков.

А македонската репрезентација ќе биде предводена од поранешниот играч на Наполи, Интер и Лацио, Горан Пандев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот