Фото: EPA-EFE/MOHAMED MESSARA

Фудбалскиот сојуз на Србија донел конечна одлука за иднината на Пикси

Според информациите на српскиот „Моцарт спорт“, селектоорт Драган Стојковиќ-Пикси ќе остане селектор на репрезентацијата на Србија.

Србија доживеа неуспех на Европското првенство и беше елиминирана во групната фаза, а јавноста критикуваше и очекуваше смена на позицијата, сепак тоа изгледа нема да се случи.

Повикувајќи се на свои извори „Моцарт спорт“ тврди дека Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Србија донел конечна одлука Пикси да продолжи со работата.

Главната цел во наредниот период пред Пикси и репрезентацијата ќе биде пласманот на Мундијалот во 2026 година кој ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот