фото: EPA-EFE/Daniel Gonzalez

Фудбалерот и капитен на Лас Палмас, Киријан Родригез објави дека боледува од рак

Киријан Родригез (28), фудбалерот и капитен на шпанскиот клуб Лас Палмас, на прес-конференција објави дека повторно му е дијагностициран рак, кој веќе го оддалечи од терените во втората половина на 2022 година.

– Ми кажаа дека повторно имам рак. Ќе морам да престанам да играм на шест месеци – рече Родригез.

Играчот од средниот ред во август 2022 година објави дека боледува од посебна група тумори кои влијаат на лимфниот систем, поради што мораше да биде надвор од теренот осум месеци. Тој се врати во април 2023 година и сега, како што најави, е принуден повторно да застане за да ја продолжи борбата против болеста.

– Сакам да ме видат силен, а не да ми доаѓаат со пораки на тага и охрабрување. Ќе се вратам! – самоуверено изјави Родригез.

Тој се врати во април 2023 година по голема борба. Тој ја надмина страшната болест и беше еден од најважните и најефикасните играчи на Лас Палмас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот