
Фудбалерите до 21 година ремизираа против Ерменија
Македонската фудбалска репрезентација до 21 година ремизираше против Ерменија (1:1) на денешниот натпревар одигран на тренинг центарот ,,Петар Милошевски”.
Препорачано
Според прикажаното на теренот овпј исход на крајот е и реален, двете репрезентации ретко влегуваа во посериозни шанси. Најголемите возбудувања ги видовме пред крајот на првиот дел, преку Абази ние дојдовме во водство, а набрзо Ерменците не реализираа 100% прилика во која нивниот напаѓач промаши скоро празен гол од неколку метри, топката заврши во пречката.
Во второто полувреме видовме уште помалку прилики пред двата гола, но гостите ја искористија единствената сериозна за конечни 1:1. На 20-ти јуни во Скопје исто така во пријателски натпревар ќе гостува Малта.
СОСТАВОТ НА МАКЕДОНИЈА ЗА ОВИЕ ДВА НАТПРЕВАРИ:
Голмани: Марко Алчевски (Академија Пандев), Иван Николоски (Беласица), Васко Василев (Рио Аве, Португалија), Стефан Тасев (Македонија Ѓ.П.);
Одбрана: Марио Ричков (Шкупи), Стефан Деспотовски (Работнички), Андреј Стојчевски (Жилина, Словачка), Имран Фетаи (Гостивар), Решат Рамадани (Динамо Киев, Украина), Виктор Крстевски (Гостивар), Методи Максимов (Шкендија), Михаил Димитриевски (Брегалница);
Среден ред: Мартин Талаков (Подбрезова, Словачка), Иван Николов (Брегалница), Хамза Рамани (Силекс), Алекс Златков (Шкупи), Димитар Тодоровски (Работнички), Димитар Трајков (Академија Пандев), Ване Крстевски (Академија Пандев), Берат Калкан (Касимпаша), Бехар Фета (Воска Спорт), Матеј Ангелов (Работнички);
Напад: Марио Илиевски (Кишварда, Унгарија), Христијан Малески (Струга Трим Лум), Луан Абази (Вил, Швајцарија);