Фото: KF Shkendija

Фудбалер на Шкендија на „радарот“ на германски клуб

Фудбалерот на Шкендија, Клинсман Цаке и најновото име на списокот на селекторот на Албанија за претстојните квалификации за Светското првенство, би можел наскоро да ја продолжи кариерата во Германија.

Како што пренесуваат извори блиски до ситуацијата, за услугите на Цаке сериозен интерес покажала германската екипа Холштајн Кил, која минатата сезона настапуваше во елитното германско друштво, Бундеслигата.

За Цаке кој во Македонија настапуваше и за Струга нема дилеми дека трансфер во Германија би бил најголемиот чекор во нееговата кариера. Покрај Струга и Шкендија, Цаке го носеше дресот само уште на албанската Тирана.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот