
Фудбалер на Реал Мадрид бил издрогиран и ограбен на Ибица
Фудбалерот на европскиот и на шпанскиот шампион Реал Мадрид, Федерико Валверде, наместо одмор од соништата, на Ибица доживеа кошмар, тој заедно со пријателите бил издрогиран и ограбен.
Препорачано
Ова го откри девојката на Валверде Мина Бонино која случката ја опиша на нејзиниот профил на Инстаграм.
Таа објави неколку сторија во кои тврди дека таа, Валверде и нивните пријатели со кои заедно биле на одмор, останале без 10.000 евра бидејќи биле издрогирани, а Бонино индиректно го обвини готвачот што го ангажирале на Ибица.
– Агентите за недвижнини ни рекоа дека храната би можела да биде затруена, па не однесоа во болница за да не тестираат на разни супстанци. Горвачот веќе беше во куќата кога пристигнавме. Ни рече дека моментно има само еден клуч и дека тој ќе го задржи за да може наредниот ден да дојде до куќата за да ни направи појадок и притоа да не не вознемирува. Следното утро не можев да станав од креветот бидејќи ми се вртеше и повраќав. Дури по еден час едвај успеав да се симнам доле и ги видов куферите кои беа отворени, а облеката расфрлана. Едвај го пронајдов новчаникој кој беше празен. Украдени ни е 10.000 евра. Потоа се појави готвачот и рече дека таква ситуација затекнал кога дошол во куќата. Потоа готвачот си замина – напиша Мина Бонино на Инстаграм.
Валверде и девојката потоа одлучиле да заминат во болница и да се тестираат на разни супстанци, од кокаин до антидепресиви поради сомнежи дека готвачот им ставил дрога во вечерата, но резултатите од тестовите биле негативни.