Фросина Ременски, кандидат за претседател на СДСМ/ Фото: Слободен печат

Фросина Ременски: Време е за полициски час, додека не е доцна!

Пратеничката Фросина Ременски, која е стручно лице од областа на безбедноста, смета дека е време да се воведе полициски час во Македонија.

– Сметам дека е време да се воведе мерка за времено осумчасовно ограничување на правото на движење на граѓаните во вечерните часови или попознат како полициски час. Можеби е време да се размислува за ова ограничување. Овие бројки загрижуваат со оглед на фактот дека пикот не е достигнат. Критичната точка на нашите капацитети за справување со заболени е помината и треба да се вклучи алармот за сите, најмногу за граѓаните кои се однесуваат многу слободно во оваа животозагрозувачка состојба – вели Ременски.

Таа додава дека максималната грижа за медицинскиот персонал, полициските службеници и војниците кои се на прв удар на сите задолженија во ваква состојба е неопходна.

– Вонредната состојба треба да се сфати како вонредна во можности, но и во мерки, за да не биде доцна – додава Ременски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот