Фото: EPA-EFE/MATTIA SEDDA

Французите просечно трошат 15 евра за стриминг од почетокот на епидемијата

Минатата пролет, 46 отсто од француските корисници на интернет имаа пристап до барем една законска понуда за видео-стриминг во нивниот дом, наспроти 36 отсто во 2019 година. Претплатниците на платформите за видео-стриминг во просек трошат нешто повеќе од 15 евра месечно, јави дописникот на МИА.

Ова произлегува од извештајот на аудиовизуелниот совет и Високиот орган за дистрибуција на дела и заштита на правата на интернет.

Од пристигнувањето во Франција на Нетфликс во 2014 година, потрошувачката на овие платформи имаше „нагорен тренд” на што се должеа ограничувањата и полицискиот час поврзани со здравствената криза ковид-19.

Бројот на достапни услуги се зголеми од 63 во 2017 година, на 78 во 2020 година, со лансирање на Епл ТВ + во ноември во 2019 година и Дизни + во април во 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот