Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Францускиот премиер побара одговорност од Французите, ден по олеснувањето на мерките
Поради повторното отворање, можеме да разбереме дека имаше ентузијазам, но јас ги повикувам сите, наш заеднички интерес е да ги почитуваме правилата, рече Кастекс
Францускиот премиер Жан Кастекс, само еден ден по олеснувањето на ограничувачките мерки во земјата, побара од неговите сонародници почитување на правилата по инцидентите што се случија во Рен на првата вечер од повторното отворање на терасите на баровите и рестораните, јави дописникот на МИА.
Препорачано
Премиерот Кастекс од Блоа испрати „повик за одговорност”до Французите, пред ентузијазмот на јавноста која масовно ги запоседна терасите на баровите, рестораните и бистроата по нивното повторно отворање, откако беа затворени седум месеци. Притоа дојде до непочитување на мерките, а особено во Рен. Имаше и непочитување на полицискиот час, кога полицијата мораше да интервенира за да ги растера славениците на крајот на ограничувачките мерки.
–Поради повторното отворање, можеме да разбереме дека имаше ентузијазам, но јас ги повикувам сите, наш заеднички интерес е да ги почитуваме правилата, рече Кастекс.
–Никој не сака да ги затвори терасите, тоа не е целта, целта е да стигнеме таму, ќе стигнеме таму, тоа бара колективна дисциплина, тоа е на на наш дофат, додаде Кастекс кој, претходниот ден, заедно со претседателот Емануел Макрон, пред камерите испи кафе на терасата од едно бистро недалеку од Елисејската палата.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
6мин
-
9мин
-
21мин
-
35мин
-
51мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5