
Французинка стана жртва на измама: Му испратила 830.000 евра на лажен Бред Пит, ѝ барал пари за лекување рак
Французинка, која верувала дека е во романтична врска со Бред Пит и била измамена да плати 830.000 евра за наводно медицинско лекување, се соочи со толкав бран онлајн потсмев што телевизиската програма за неа беше повлечена, пишува „Гардијан“.
Препорачано
Интериорната дизајнерка, идентификувана како Ан, 53 години, стана мета на социјалните мрежи откако даде интервју за случајот во емисијата „Седум до осум“ на каналот ТФ1 во неделата.
Говорејќи за она што таа го сметала за онлајн врска со Пит која траела повеќе од една година, Ан изјавила дека мислела оти се заљубени. Кога ѝ било кажано дека актерот има потреба од финансиска помош за лекување рак, бидејќи неговите сметки биле замрзнати за време на разводот со Анџелина Џоли, таа ги префрлила парите.
Дури летово, кога холивудската ѕвезда беше фотографиран во медиумите со својата партнерка Инес де Рамон, Ан сфатила дека станува збор за сложена измама.
„Се прашувам зошто ме избраа мене за да направат ваква штета. Никогаш не сум наштетила на никого. Овие луѓе заслужуваат пекол“, изјавила таа за ТФ1.
Телевизиската програма брзо стана вирална, предизвикувајќи бран онлајн шеги за наивноста, што го натера каналот да ја повлече емисијата од своите платформи за репродукција во вторникот.
ТФ1 изјави дека во моментот на емитувањето, Ан имала ментални здравствени потешкотии, сериозна депресија и била хоспитализирана на лекување. Водителот на ТФ1, Хари Розелмак, напиша на социјалните мрежи: „За заштита на жртвите, решивме да ја повлечеме (емисијата) од нашите платформи“.
I leave you with this image. A 53 yo Frenchwoman called Anne was scammed of almost a million dollars by a catfisher pretending to be Brad Pitt. “Brad” sent her poems and promised her undying love — but needed money for an operation because his divorce to Angelina wiped him out. pic.twitter.com/OtmkmmF5eu
— vbspurs (@vbspurs) January 14, 2025
Измамата датира од февруари 2023 година, кога Ан, која била мажена за богат претприемач, се приклучила на Инстаграм за да сподели фотографии од скијање во Француските Алпи.
По нејзиното враќање, била контактирана на социјалната мрежа од некој кој се претставил како Џејн Пит, мајката на актерот, која започнала разговор со неа и ѝ кажала дека би била добра за нејзиниот син. Потоа друг профил ѝ испратил порака тврдејќи дека е самиот актер. Лицето рекло дека мајка му му раскажала сè за неа. „Би сакал да дознаам повеќе за тебе,“ пишувало во една од пораките до Ан. „Но, би сакал да знам дали работиш во медиумите, бидејќи многу внимавам на мојата приватност“.
Ан, која изјавила дека нема многу познавања за социјалните мрежи, поминала година и пол комуницирајќи со лицето за кое мислела дека е Пит. Тоа лице користело лажни профили на социјалните мрежи и Ватсап, како и технологија за создавање слики со вештачка интелигенција, за да ѝ испраќа фотографии, песни, поеми и наводна копија од пасошот на Пит. Таа рекла дека лицето било навистина заинтересирано за нејзината работа и секојдневно комуницирале.
„Бев заљубена во човекот со кого разговарав. Тој знаеше како да зборува со жена“, изјавила таа.
Меѓу работите што Ан ги дискутирала со лицето, кое се претставувало како Пит, била и нејзината голема разводна исплата. Потоа добила фотографии генерирани со вештачка интелигенција од актерот наводно во болница, со барање да плати за неговиот третман на бубрезите. Таа префрлила стотици илјади евра за наводни медицински трошоци.
Креаторите на програмата на ТФ1 изјавија дека Ан поднела пријава во полиција за измамата.
Баба и дедо со скршени срца: Родителите на Бред Пит не ги виделе своите внуци осум години