Фото: RC Strasbourg Alsace

Француски тим испиша историја: Настапи со сите фудбалери родени во овој милениум

Францускиот прволигаш Стразбур денеска испиша фудбалска историја во натпреварот од првото коло на Лига 1 против Мец, станувајќи првиот тим во светскиот фудбал во кој сите стартери се родени по 2000 година.

Највозрасниот меѓу нив беше Емануел Емега, роден на 3 февруари 2003 година, што значи дека ниту еден од фудбалерите кои почнаа од првата минута не е постар од 22 години. Ваквиот потег на Стразбур ја потврдува стратегијата на клубот за целосна ориентација кон младинскиот потенцијал.

Иако дури 90% од фудбалерите на тимот се родени во новиот милениум, во ростерот има и два поискусни фудбалери, третиот голман Карл Јохан Јонсон (35) и левиот бек Едуард Собол (30), но двајцата денеска останаа на клупата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот