Марин Ле Пен и Герт Вилдерс во Европскиот парламент во 2014 година/Фотографија: DW/A. Noll

Франција пред клучни избори важни и за ЕУ, анкетите сугерираат Парламент без јасно мнозинство

Крајната десничарска партија на Марин Ле Пен продолжува да тоне според новите анкети на јавното мислење објавени во петокот во пресрет на одлучувачкиот круг на парламентарните избори во Франција викендов.

Институтот „Ипсос“, како што пренесува Индекс.хр, предвидува дека партијата на Ле Пен и нејзините сојузници ќе освојат од 175 до 205 пратенички места, што е далеку помалку од потребните 289 за апсолутно мнозинство, но доволно за и понатаму да бидат во водство.

Анкетата на институтот „Харис интерактив“, проценува дека крајната десница ќе добие меѓу 185 до 215 пратенички места. Според истражувањето на Ипсос, левичарскиот сојуз ,,Нов народен фронт“ е на второто место со 145 до 175 пратенички места.

И крајната десница и левицата се пред центарските сојузници на претседателот Емануел Макрон. Тие се на третото место на анкетите, а Ипсос предвидува дека во недела ќе освојат меѓу 118 и 148 места.

Според „Харис интерактив“, левичарскиот сојуз може да добие меѓу 168 и 198 места а групата на Макрон од 115 до 145 места.

Франција в недела гласа во вториот круг на изборите во кои се одлучува за составот на идното национално собрание. Само 76 од 577 места се доделени во првиот круг пред една недела.

Макрон и левичарскиот сојуз оттогаш повлекоа стотина кандидати во тактички обид да осигураат пораз на Ле Пен.

После големата победа на Ле Пен во првиот круг анкетите покажуваат дека трката последните денови се заостри и дека гласањето во вториот круг би можело да резултира со парламент без јасно мнозинство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот