европска војска EPA-EFE/CAROLINE BLUMBERG

Франција: Потребни инвестиции од 15 милијарди евра во одбранбениот сектор во наредните години

Напорите на Франција да ги исполни своите обврски кон воените напори на НАТО и да ги зголеми трошоците за одбранбениот сектор бараат инвестиции од 15 милијарди евра во наредните години, според студијата на инвестициската банка Bpifrance што беше презентирана на јавноста денес, пренесува Блумберг.

Банката изјави дека компаниите во францускиот одбранбен сектор мора да постигнат годишен раст од 7,6 проценти во периодот од 2026 до 2030 година, објавува порталот Bloomberg.

За да се оствари овој раст и да се постигнат целите поставени од Северноатлантската воена алијанса, производството во францускиот одбранбен сектор би морало да се зголеми за 31 милијарда евра.

НАТО ги повика земјите-членки да потрошат 3,5 проценти од својот бруто домашен производ за одбрана до 2035 година.

„Ова е повеќе од зголемувањето на производството на одбранбените компании од почетокот на војната во Украина (5,5 проценти)“, според студијата на инвестициската банка Bpifrance.

Одлуката за зајакнување на одбранбениот сектор во Европа беше донесена откако војната во Украина фрли светлина врз можните недостатоци на европскиот одбранбен систем и ранливоста во случај на сериозна безбедносна закана за европските земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот