фото: EPA-EFE/FILIP SINGER

Франција ја совлада Хрватска, Карабатиќ е најдобар стрелец во историјата на европските првенства

Денеска ракометната репрезентација на Франција со 34:32 ја совлада Хрватска во главната фаза на Европското првенство за важен чекор кон полуфиналето.

Французите сега имаат максимални четири бодови, додека Хрватите останаа на еден.

Во победничките редови Дика Мем беше најефикасен во шест голови, додека Никола Карабатиќ застана на пет.

Петтиот погодок на 39-годишниот Карабатиќ против „коцкестите“ значеше и негов 289-ти што го направи најдобар стрелец во историјата на европските првенства откако го надмина учинокот на Исланѓанецот Валур Гудјон Сигурдсон.

Моментно на второто место на вечната листа е Данецот Микел Хансен со 276 голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот