Катрин Колона
Катрин Колона во Киев, Украина / 30 мај 2022 / Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Франција ја повика Кина да ги намали тензиите во Јужното Кинеско Море

Француската министерка за надворешни работи Кетрин Колона денеска ја повика Кина да ги намали тензиите во Јужното Кинеско Море и додаде дека „на светот не му треба нова криза“.

Пекинг ги засили воените вежби во стратешки важниот Тајвански теснец, а кинеската крајбрежна стража беше обвинета за малтретирање филипински рибарски чамци во спорните води.

Австралија, исто така, минатиот месец го критикуваше Пекинг за „небезбедно и непрофесионално“ однесување на море, велејќи дека еден од нејзините поморски нуркачи бил повреден од сонарни импулси од блискиот кинески воен брод.

„Секако дека сме загрижени за она што се случи со австралиската морнарица пред неколку дена, како и за она што се случи со Филипините пред неколку недели“, изјави Колона за новинарите во Канбера.

Според неа, низ Тајванскиот теснец мора да владее смиреност и стабилност, а на светот секако не му треба нова криза.

Француската министерка ја повика Кина да ги намали тензиите во азиско-пацифичкиот регион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот