Светски собир на спачеци во Постојна 2025/ Фото: Слободен печат

ФОТО+ВИДЕО | Македонија ќе го организира Светскиот собир на спачеци во 2029 година

Љубителите на популарниот француски автомобил 2CV (спачек), кои се членови на скопскиот 2CV клуб, вчера на 25. Светски собир на спачеци, што се одржува во Постојна, Словенија, ја освоија организацијата на 27 Светски собир на спачеци во 2029 година.

Македонија доби најголема поддршка во однос на останатите кандидати Чешка, Франција, Полска и Летонија. Љубителите на спачеци од целиот свет покажаа најголем интерес за нашата земја и оценија дека претставниците од Македонија имаа најдобра презентација на можностите што можеме да ги понудиме за ваквиот собир. За време на прогласувањето на победникот нашата земја доби најмногу овации и поддршка.

Повеќе од седум илјади посетители на Светскиот собир на спачеци, имаа можност на македонскиот штанд да пробаат од македонските специјалитети, ајвар, сирење, кашкавал, сланина, домашна ракија и македонско вино. Македонските претставници подготвија и 10 килограми грав кој со воодушевување го пробаа љубителите на спачеци од целиот свет.

Секако, на македонскиот штанд беа делени и промотивни материјали за убавините на Македонија, за што беше покажан огромен интерес.

Светскиот собир на спачеци, кој се одржува на секои две години, се издвојува по својата масовност и уникатност. На ваквите собири доаѓаат и повеќе од четири илјади спачеци од целиот свет и во текот на тие пет дена се организираат различни видови активности, забави и дружења.

Собир на спачеци во Постојна, Словенија 2025 / Фото: „Слободен печат“
Собир на спачеци во Постојна, Словенија 2025 / Фото: „Слободен печат“

ФОТО+ВИДЕО | Македонија е кандидат за организација на Светскиот собир на спачеци во 2029 година

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот