
ФОТО+ВИДЕО | Вработени на Детска Клиника се жалат дека течат фекалии, директорката негира
Вработени на Детска клиника во редакцијата на „Слободен печат“ испратија видео-материјали и фотографии и се пожалија дека во дел од просториите течат фекалии и дека мириса на влага во одделот на Ургентниот центар каде се прегледуваат онколошки пациенти.
Препорачано
-Се шири непријатна миризба, фекалиите течат врз кутиите и не се презема ништо. Ова е делот од ургентниот центар, каде во непосредна близина се прегледуваат онколошки пациенти и каде што им се дава биолошка терапија, вели нашиот извор.
Од Државниот здравствен и санитарен инспекторат велат дека немаат информација за протекување вода на ЈЗИ Универзитетска клиника за детски болести.
-Доколку се работи за дефект на инсталацијата раководството на болницата треба да си ги преземе неопходните мерки за санирање на истиот, а комисијата за интрахоспитални инфекции да се состане и да преземе мерки согласно настанатата ситуација, ни рекоа од ДСЗИ.
Директорката на Клиниката доктор Стојка Нацева Фуштиќ, вели дека не се работи за фекални води и вели дека ситуацијата ќе биде санирана викендов.
-Не течат никакви фекални води туку вода од сифонот од купатилото од соба број 4 на онкологија, кога се користи тушот. Проблемот е лоциран и се чека овие денови пациентот да се испише за да може да се работи. Викендов дефектот ќе се санира, договорено е со фирмата за одржување, ни изјави директорката Фуштиќ.
https://www.youtube.com/watch?v=nc4kUzsVRiM