
ФОТО+ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ ја почна кампањата со митинг во Скопје
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ со „голем народен митинг“ во скопската спортска сала „Јане Сандански“ ја започна предизборната кампања за претстојните локални избори.
Препорачано
-
1
-
2
-
3

Во околината на салата беа паркирани десетици автобуси од цела Македонија, кои ги донесоа приврзаниците на ВМРО-ДПМНЕ на собирот.

Пред насобраните членови и симпатизери на партијата се обратија кандидатите за градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, како и партискиот лидер и премиер, Христијан Мицкоски.

Мицкоски ги повика гласачите да ги сфатат претстојните избори како одлука за иднината на државата. Тој порача дека изборите се „за тоа во каква држава сакаме да живееме“ и ги повика граѓаните да испратат јасна порака „до оние кои уриваат, наместо да градат“.

„Денес стојам скромно и исткрено пред вас како на почетокот од оваа моја улога и ви велам, нема да ве разочарам и заедно ќе победиме за децата на Македонија. Одиме заедно до победа, затоа што овие избори се одлука за тоа каква Макеонија ќе победи. Има и такви кои живеат од татковината и ние народот кои живееме за татковината“, рече Мицкоски.

„Колку и да е една тесна мала клика која ги направи сите неморални коалиции и поврзувања е спремна за се само да дојде на власт, вечерва тие и сите нивни слуги кои сакаат Македонија да ја држат уценета и понижена го добиваат одговорот, а одговорот сте вие, народот на Македонија“, рече Мицкоски.
-Немојте да се залажуваме дека оваа битка се само обични локални избори. Ова се избори за финалната битка за тоа кава држава сакаме, ова се избори за тоа кава порака испраќаме до сите оние кои уриваат, наместо да градат. Правеа претстава наместо да штитат, нив ги симнавме од власт, но сега треба да ги поразиме и да ги испратиме во пензија, порача Мицкоски.




