Фото: Профимедиа/ Инстаграм

ФОТО+ВИДЕО | Четиригодишно дете стана најмладиот член на Менса во Англија

Момчето, кое како двегодишник само научило да чита, стана најмладиот член на Менса во Велика Британија, пишува „Би-би-си“.

Четиригодишниот Теди Хобс од англискиот град Портишед во областа Сомерсет, исто така, умее да брои до 100 на шест странски јазици, помеѓу другото, и на мандарински.

Фото: Профимедиа

Менса прима во членството врз основа на тест за интелигенција, каде се бара најмалку 98 отсто точни одговори.

Бет Хобс, мајката на Теди, вели дека тој научил да чита на само 26 месеци „гледајќи детски канали и повторувајќи ги буквите“.

„Почна да ги следи зборовите на екранот, а кога повторно тргна во градинка по укинувањето на мерките за ковид, им кажавме на воспитувачките дека веруваме дека научил да чита. Наскоро ни се јавија на телефон и потврдија дека знае да чита!“, раскажала мајката на малиот генијалец Теди.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BBC News (@bbcnews)


Броењето особено ги шокирало родителите на Теди.

„Тој си играше на таблетот, испушташе некои звуци кои едноставно не ги препознав, а јас го прашав што е тоа, а тој ми рече: ‘Мамо, бројам на мандарински’“, рекла Хобс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BBC News (@bbcnews)


Мајката рекла дека резултатот на коефициентот на интелигенција на нејзиниот син, за кој „Тајмс“ објави дека го става во 99,5 отсто за неговата возраст, претставува посебни родителски предизвици.

Неговите родители велат дека сакаат да му пружат „вистинско детство“.

„Тој почнува да сфаќа дека неговите пријатели сè уште не знаат да читаат и не разбира зошто е така, но за нас е многу важно тој да остане со двете нозе на земја“, рекла мајката.

„Тој треба да сфати дека тој има некои вештини, а дека другите деца можат да трчаат побрзо од него – секој има одреден талент“, додава Бет Хобс.

Фото: Профимедиа

Теди станал член на Менса кога имал три години, што го прави најмладиот сегашен член на организацијата во Велика Британија.

Менса прифаќа само луѓе кои постигнуваат резултати во првите 2 отсто од општата популација на надгледуван тест за интелигенција. Иако вообичаено не ги оценува децата, нуди поддршка за родителите, кои можат да го тестираат своето дете преку едукативен психолог, пишува „Гардијан“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот