Загадување од Вардариште/Фото: Фејсбук

ФОТО+ВИДЕО | Трето утро „Вардариште“ го труе Скопје

Депонијата „Вардариште“, по пожарот кој ја зафати викендов, сѐ уште чади и сериозно го загрозува здравјето на жителите од Гази Баба и Аеродром. И утрово граѓаните се гушеа во отровите од старата депонија, што може да се види од фотографиите и видеото направени од жител на Аеродром, кој вели дека ваква е состојбата веќе трет ден.

Загадување од Вардариште/ Фото: Фејсбук

По неколкудецениската негрижа за „Вардариште“ и покрај постојаните апели на скопјани за изнаоѓање трајно решение, депонијата се најде во фокусот на инспекцијата, полицијата, актуелните и кандидатите за идни градоначалници, кои вчера “прошетаа“ на овој простор, повторно со низа ветувања.

Загадување од Варџдариште/Фото: Фејсбук

Дали конечно ќе се стави крај на постојаните потпалувања и на загадувањето од „Вардариште“ времето ќе покаже. Во меѓувреме, жителите од Ново Лисиче и Аеродром, како што најавија, секојдневно со протести ќе го искажуваат своето незадоволство и ќе бараат итно решение и заштита на нивното здравје.

 

ВИДЕО | Граѓанска блокада во Аеродром: „Да се реши канцерот Вардариште“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!